15
MK
Решавање проблеми
За гаранцијата да биде важечка, никогаш не обидувајте се да го поправате системот самите. Ако се
соочувате со проблеми кога ја користите оваа единица, погледнете го следново пред да побарате
сервис.
Нема напојување
• Осигурете се дека кабелот за наизменично напојување е правилно поврзан.
• Уверете се дека има електрична енергија во приклучницата за електрично напојување.
• Притиснете го копчето
на звучникот.
Слушам зуење или брмчење
• Проверете дали соте кабли и жици се безбедно поврзани.
• Поврзете друг изворен уред (Blu-ray плеер, и сл.) да видите дали зуењето уште се слуша. Ако не се
слуша, проблемот може да е кај оригиналниот уред.
• Поврзете го вашиот уред на друг влез на звучникот.
Не можам да го најдам Bluetooth името на оваа единица на мојот Bluetooth
уред
• Осигурете се дека функцијата Bluetooth е активирана на вашиот Bluetooth уред.
• Повторно спарете ја единицата со вашиот Bluetooth уред.