► Исчистете ги отворите за вентилација со
четка.
7 Одржување
7.1 Интервали за одржување
Интервалите за одржување зависат од
условите на околината и од работните
услови. STIHL ги препорачува следниве
интервали за одржување:
Пред секоја употреба:
►
Проверете го нивото на маслото, 7.2.
►
Проверете го филтерот за воздух, 7.3.
По првиот месец или по 5 работни часа:
►
Променете го моторното масло, 7.6.
На секои 3 месеци или по 25 работни часа:
►
Исчистете го филтерот за воздух, 7.4.
На секои 12 месеци или по 100 работни часа:
►
Променете го моторното масло, 7.6.
►
Проверете ги свеќичките, 7.5.
►
Заменете го филтерот за воздух, 7.3.
► Заменете го филтерот за гориво. STIHL Ви
го препорачува овластениот застапник за
STIHL.
► Заменете го филтерот за масло. STIHL Ви
го препорачува овластениот застапник за
STIHL.
► Да се изврши инспекција од страна на
овластен застапник. STIHL Ви го
препорачува овластениот застапник за
STIHL.
На секои 24 месеци или по 200 работни часа:
► Проверете го отворот на вентилите. STIHL
Ви го препорачува овластениот застапник
за STIHL.
► Проверете ги цревата за гориво и заменете
ги ако е потребно. STIHL Ви го препорачува
овластениот застапник за STIHL.
По секои 300 работни часа:
►
Заменете ја свеќичката,
7.5.
► Исчистете го карбураторот. STIHL Ви го
препорачува овластениот застапник за
STIHL.
7.2 Проверка на нивото на
моторно масло
► Уредот STIHL поставете го на рамна
површина.
► Изгасете го моторот.
► Отшрафете ја шипката за мерење на
нивото на маслото (1) и исчистете ја со
крпа.
► Шипката за мерење на нивото на
маслото (1) вметнете ја во отворот за
полнење, не зашрафувајте ја.
► Извадете ја шипката за мерење на нивото
на маслото и прочитајте го нивото на масло
на мерната скала (2). Доколку е потребно,
дополнете моторно масло со соодветна
инка додека не се достигне состојбата на
наполнетост (3), 5.2.
► Зашрафете ја шипката за мерење на
нивото на маслото (1).
7.3 Замена на филтерот за
воздух
► Изгасете го моторот.
► Ставете го уредот STIHL на рамна
површина.
► Исчистете го капакот и куќиштето на
филтерот за воздух со крпа.
► Олабавете ги вртливите рачки (1).
► Извадете го капакот (2).
македонски 7 Одржување
190 0478-983-9915-B