EasyManuals Logo
Home>Ariston>Water Heater>PRO1 R 100 H

Ariston PRO1 R 100 H User Manual

Ariston PRO1 R 100 H
Go to English
104 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #84 background imageLoading...
Page #84 background image
MK
84
ФУНКЦИЈА АНТИ ЛЕГИОНЕЛА
Легионелата е тип на бактерија со форма на стапче, која е природно присутна во сите изворни води.
“Легионерската болест“ се состои во посебен вид на пневмонија предизвикана со инхалирање на водена
пареа со истата бактерија. Во оваа смисла неопходно е избегнување на долги периоди на стагнација
на водата содржана во бојлерот, што треба да се искористи или да се испразни барем еднаш неделно.
Европската норма ЦЕН/ ТР 16355 дава упатства во врска со какви добри навики може да се спречи
размножувањето на легионелата во водите за пиење, исто така, доколку постојат локални норми кои
наметнуваат понатамошни рестрикции на тема легионела, тие треба да бидат применети.
Овој складирачки бојлер од електро механички тип се продава со термостат кој има работна
температура повисока од 60°Ц; во состојба да изведе циклус на термичка дезинфекција во состојба да
го ограничи размножувањето на бактеријата во резервоарот.
Внимание: за време на циклусот на термичка дезинфекција, висока температура на водата може да
предизвика изгореници. Да се обрне внимание на температурата на водата пред капење или туширање.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
За техничките карактеристики земајте ги во предвид податоците на табличката ( етикета сместена во
близина на влезните и излезните цевки за вода).
Табела 1-Информации за Производот
Гама производ
50 65 80 100
Тежина (кг)
16 18,5 21 24
Инсталација
Вертикално Хоризонтално Вертикално Вертикално Хоризонтално
Термоелектрично
Вертикално Хоризонтално Термоелектрично
Вертикално Хоризонтално
Модел
Да се земе во предвид табличката со карактеристики
Овој уред е сообразен со интернационалните норми за:
- Електрична безбедност ИЕЦ 60335-1; ИЕЦ 60335-2-2.
- Електромагнетна компатибилност (ЕМЦ): ЕН 55014-1, EН 55014-2, EН 61000-3-2, EН 61000-3-3.
ИНСТАЛАЦИЈА НА УРЕДОТ (за инсталаторот)
Овој производ , со исклучок на хоризонталните модели (Табела 1), е уред што треба да се инсталира
во вертикална позиција за да оперира коректно. На крајот од инсталацијата, и пред било какво
полнење со вода и електрично напојување на истиот, да се употреби инструмент за проверка (пр:
Порамнувач со меур) со цел да се провери ефективната вертикалност на монтирањето. Уредот
служи за загревање на вода до температура пониска од таа на вриење Тоа треба да биде закачено на
мрежа за водоснабдување димензионирана врз база на сопствените услуги и капацитет.
Пред да се поврзе уредот е неопходно:
- Да се провери дали карактеристиките (да се погледнат податоците од табличката) ги задоволуваат
потребите на клиентот.
- Да се провери дали инсталацијата е сообразна со степенот ИП (заштита од пенетрација на течност)
на уредот според нормативот на сила.
- Да се прочита етикетата на амбалажата и на табличката со карактеристики.
Овој уред е проектиран за инсталација ексклузивно во внатрешноста на локали сообразно со нормативот
на сила и исто така бара почитување на следните предупредувања во врска со присуство на:
- Влажност: да не се инсталира уредот во затворени локали (без вентилација) и влажни.
- Мраз: да не се инсталира уредот во средини во кој е можно да се намали температурата на критично
ниво со ризик за формирање на мраз
- Сончева светлина: да не се изложува директно на сончева светлина, дури и во присуство на
прозорци.
- Прашина/пареа/гас: да не се инсталира уредот во присуство на агресивна атмосфера како кисела
пареа, прашина и заситена со гас.
- Електрично празнење: да не се инсталира уредот директно врз незаштитени електрични линии од
промени на напонот.

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Ariston PRO1 R 100 H and is the answer not in the manual?

Ariston PRO1 R 100 H Specifications

General IconGeneral
BrandAriston
ModelPRO1 R 100 H
CategoryWater Heater
LanguageEnglish

Related product manuals