© ANDREAS STIHL AG & Co. KG 2022
0478-983-9913-B. VA4.K22.
Печатено на хартија белена без хлор.
Хартијата може да се рециклира.
Превод на оригиналното упатство за употреба
0000009269_015_MK
Содржина
1 Предговор..............................................193
2 Информации за ова упатство за употреба
................................................................ 193
3 Преглед..................................................194
4 Безбедносни упатства.......................... 194
5 Подготовка на моторот за употреба....195
6 Чистење................................................. 196
7 Одржување............................................ 196
8 Технички податоци................................199
9 Резервни делови и прибор...................199
1 Предговор
Почитувани корисници,
нè радува што се одлучивте за STIHL.
Нашите производи се развиени и изработени
со врвен квалитет според потребите на
нашите корисници. Ова резултира со
производи со висока сигурност, дури и при
екстремни оптоварувања.
STIHL гарантира врвен квалитет и кај
услугите. Нашата специјализирана трговска
мрежа нуди стручно советување и комплетна
техничка поддршка.
STIHL е експлицитно посветен на одржливо и
одговорно користење на природата. Овa
упатствo за употреба е наменетo да Ви
помогне да го користите вашиот производ
STIHL безбедно и на еколошки начин во текот
на долг работен век.
Благодариме за довербата и Ви посакуваме
многу задоволство со Вашиот производ
STIHL.
Dr. Nikolas Stihl
ВАЖНО! ПРЕД УПОТРЕБА ДА СЕ ПРОЧИТА
И ДА СЕ ЗАЧУВА.
2 Информации за ова
упатство за употреба
2.1 Применливи документи
► Покрај ова упатство за употреба,
прочитајте, разберете и чувајте ги
следниве документи:
–
види Упатство за употреба на уредот
STIHL
Се применуваат локалните прописи за
безбедност.
2.2 Ознаки на предупредувањата
во текстот
ОПАСНОСТ
■ Напомената укажува на опасности што
доведуваат до тешки повреди или смрт.
► Наведените мерки може да спречат
тешки повреди или смрт.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Напомената укажува на опасности што
може да доведат до тешки повреди или
смрт.
►
Наведените мерки може да спречат
тешки повреди или смрт.
УПАТСТВО
■ Напомената укажува на опасности што
може да доведат до материјални штети.
► Наведените мерки може да спречат
материјални штети.
2.3 Симболи во текстот
Овој симбол се однесува на поглавје
во ова упатство за употреба.
1 Предговор македонски
0478-983-9913-B 193