Одржување (само за овластени техничари)
Tronic 4000 T – 6721843807 (2022/06)
170
7.4 Безбедносен термостат
Апаратот е опремен со автоматска опрема за безбедност.
Доколку од која било причина температурата на водата во
апаратот се издигне над безбедносната граница, овој уред
го прекинува напојувањето на апаратот со што спречува
каква било потенцијална несреќа.
ОПАСНОСТ
Ризик од струен удар!
Термостатот смее да го ресетира само овластено лице!
Овој уред мора да се ресетира рачно и само откако ќе го
елиминирате проблемот што го предизвикало неговото
активирање.
За да го ресетирате уредот:
Исклучете го апаратот од електричната мрежа.
Одвртете ги завртките на капакот на апаратот и
извадете го [1].
Проверете ги електричните врски.
Притиснете го копчето на безбедносната опрема [2].
Доколку често се активира безбедносниот термостат:
обезбедете поредовно чистење на електричниот грејач.
Сл. 12 Безбедносен термостат
7.5 Внатрешност на резервоарот
Чувањето вода на високи температури и карактеристиките
на самата вода може да предизвикаат појава на бигор на
површината на електричниот грејач и/или собирање на
отпадоци во внатрешноста на резервоарот, што главно
влијае на:
• квалитетот на водата
• потрошувачката на електрична енергија
• функционалноста на апаратот
• работниот век на апаратот
Меѓу другото, горенаведените последици доведуваат до
помал термички пренос помеѓу грејачот и водата,
предизвикувајќи почесто стартување/запирање на
термостатот, поголема потрошувачка на електрична
енергија и потенцијално активирање на безбедносниот
прекинувач доколку се надминат граничните температури
(ќе биде потребно рачно ресетирање на термостатот).
За оптимално функционирање, се даваат следниве
препораки:
Исчистете ја внатрешноста на резервоарот.
Исчистете го електричниот грејач (отстранете го
бигорот или сменете го грејачот).
Проверете ја магнезиумската анода.
Заменете го заптивниот прстен на фланшата.
Горенаведените интервенции не се опфатени со
гаранцијата на апаратот.
7.6 Рестартирање по одржување
Затегнете ги сите приклучоци за вода и проверете ја
затегнатоста.
Вклучете го апаратот.