EasyManuals Logo

Bosch UniversalImpact 18 User Manual

Bosch UniversalImpact 18
Go to English
203 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #150 background imageLoading...
Page #150 background image
150 | Македонски
Батериска дупчалка-
одвртувач
UniversalImpact18
Препорачани
акумулаторски батерии
PBA 18V...W-.
Препорачани полначи
C)
AL 18...
A) во зависност од употребената батерија
B) ограничена јачина при температури <0 °C
C) Следните полначи не се компатибилни со PBA батерија: AL
1814 CV, AL 1820 CV, AL 1860 CV
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841-2-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соA
типично изнесува: ниво на звучен притисок 86dB(A);
ниво на звучна јачина 97dB(A). Несигурност K=5dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841-2-1:
Дупчење во метал: a
h
<2,5 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
Ударно дупчење во бетон: a
h
=18 m/s
2
, K=3 m/s
2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u Пред било каква интервенција на електричниот
уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, ставете го
прекинувачот за правец на вртење во средна
позиција. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
u Не користете друг полнач. Испорачаниот полнач е
прилагоден на вградената литиум-јонска батерија во
Вашиот електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Процесот на полнење започнува штом се стави струјниот
приклучок на полначот во ѕидната дозна и истиот се
вметне во конекторот на долната страна на рачката.
Приказот за наполнетост на батеријата го прикажува
напредокот на полнењето. За време на процесот на
полнење, приказот трепка зелено. Доколку приказот за
наполнетост на батеријата свети непрекинато зелено, таа
е целосно наполнета.
За време на процесот на полнење се затоплува рачката
на електричниот алат. Ова е нормално. Доколку не го
употребувате, извадете го полначот од струја.
Електричниот алат не може да се користи за време на
процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не
функционира за време на процесот на полнење.
Внимавајте на напомените за отстранување.
1 609 92A 5L3 | (15.01.2020) Bosch Power Tools

Table of Contents

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Bosch UniversalImpact 18 and is the answer not in the manual?

Bosch UniversalImpact 18 Specifications

General IconGeneral
DrillingYes
Chuck typeKeyless
Product designPistol grip drill
Power sourceBattery
Battery voltage18 V
Battery capacity1.5 Ah
Product colorBlack, Green
Number of gears2
Torque settings20
Sound power level97 dB
Chuck capacity (max)10 mm
Screw diameter (max)8 mm
Sound pressure level86 dB
Idle speed (1st gear)400 RPM
Idle speed (2nd gear)1350 RPM
Sound level uncertainty5 dB
Drilling diameter in wood (max)30 mm
Vibration level (metal drilling)2.5 m/s²
Maximum torque (hard applications)30 N⋅m
Maximum torque (soft applications)18 N⋅m
Number of batteries included1 pc(s)
Weight and Dimensions IconWeight and Dimensions
Weight1300 g

Related product manuals