233
Легенда на општиот преглед
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За Ваша лична безбедност прочитајте го упатството
пред да се обидете да работите со вашата нова
машина. Непридржувањето до упатствата може да
доведе до тешка телесна повреда. Одвојте малку
време за да се запознаете со косилката пред секоја
употреба. Чувајте го ова упатство на безбедно место
за информациите секогаш да ви бида
т достапни.
Доколку му ја давате опремата на некое друго лице,
предајте му ги упатствата за работа како и
безбедносните прописи.
Наменета употреба
Опремата може да се употребува само за оние задачи
за кои е наменета. Секаква друга употреба се смета
дека претставува случај на злоупотреба. Корисникот/
операторот, а не производителот, ќе сноси
одговорност за секаква штета или повреди настанати
како резултат на тоа.
Бензинската косилка е наменета за приватна употреба
т.е. за упо
треба во домот и градината.
Под приватна употреба на косилката се подразбира
време на работа кое вообичаено не надминува 50
часа годишно при што машината главно се употребува
за да се одржуваат мали, станбени тревници и
домашни/мали градини. Се исклучува примена во
јавни капацитети, спортски сали и во земјоделство/
шумарство.
Имајте предвид дека нашата опрема не е дизајнирана
за комерцијална, трговска или индустриска примена.
Нашата гаранција ќе стане неважечка доколку
машината се употребува во комерцијални, трговски или
индустриски деловни операции или за слични цели.
Упатствата за работа, такви како што се испорачани
од производителот, мора да се почитуваат и следат за
да се осигури дека косилката соодветно се употребува
и одржува. Упатствата содржат корисни информации
за работењето, одржувањето и околностите за
сервисирање.
Важно! Поради висок ризик од телесни повреди кај
корисникот, косилката не смее да се уп
отребува за
поткастрување грмушки, живи огради или џбунови, за
сечење скалеста вегетација, засадени кровови или
трева што се одгледува на балкони, чистење
(вшмукување) нечистотии и остатоци покрај пешачки
патеки или да се сечат дрвја или гранки од жива
ограда. Исто така, косилката не смее да се употребува
како култиватор за рамнење на вис
оки области како
кртечини.
Од безбедносни причини, косилката не смее да се
употребува како погонски уред за други работни алати
или прибори на алат од каков било вид.
1. СИМБОЛИ НА ПРОИЗВОДОТ
(на задниот капак)
1. Горна рачка
2. Рачка на сопирачката
3. Рачка на гасот
4. Рачка на стартерот
5. Држач на јажето
6. Рачка за блокирање
7. Вреќа за собирање трева
8. Рачка за прилагодување на
висината
9. Канал за исфрлување
10. Страничен поклопец
11. Глава
12. Свеќичка
13. Капаче за гориво
14. Капаче за масло
15. Штипка за кабелот
16. Долна рачка
17. Рачка за контрола на
самостојното возење
18. Клин за мал
чирање
19. Завртка
20. Шајбна
21. Тркалце за блокирање
22. Навртка за стегање
23. Запчаник за местење на аголот
24. Пумпа за гориво
25. Прицврстувач
26. Капак на филтерот
Прочитајте го упатството за ракување.
Држете ги другите лица подалеку.
Внимавајте повеќе на рацете и стопалата
на операторот за да избегнете повреди.
Горивото е запаливо, подалеку од оган. Не
дополнувајте гориво во машина што
работи.
Отровни пареи; не ракувајте во затворен
простор.
Кога косите, носете очила и штитници за
уши за да се за
штитите.
Кога поправате, извадете ја свеќичката и
исчистете ја според упатството за
ракување.
Внимание: Жежок мотор.