3.2 Симболи
Симболите на косилката за трева ги имаат
следните значења:
Овој симбол го означува капачето на
резервоарот за гориво.
Овој симбол го означува капачето за
моторно масло.
Гарантирано нормирано ниво на
бучава во околината според
Директивата 2000/14/EC во dB(A) за
споредба на звуците на
производите.
Не фрлајте го производот со отпадот
од домаќинството.
Нагодување на висината на косење.
Индикатор за ниво на наполнетост
на корпата за искосена трева.
Стартување на
моторот.
4 Безбедносни упатства
4.1 Симболи за предупредување
Симболите за предупредување на косилката
за трева ги имаат следните значења:
Следете ги безбедносните упатства
и мерки.
Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
Внимавајте на можно излетување на
парчиња - стојте на растојание и
држете ги другите лица настрана.
Не допирајте го ротирачкиот нож.
Извадете го приклучокот за
свеќичката при транспорт,
складирање, одржување или
поправка.
4.2 Наменета употреба
Косилката за трева STIHL RM 248.3 или
RM 253.3 се користи за косење и мулчирање
на трева.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■
Ако косилка за трева не се користи како
што е предвидено, лицата може да бидат
сериозно повредени или да загинат и може
да се предизвика материјална штета.
►
Користете ја косилката за трева како што
е опишано во ова упатство за употреба и
во упатството за употреба на моторот.
4.3 Обврски на корисникот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Корисниците без обука не можат да ги
препознаат или проценат опасностите на
косилката за трева. Корисникот или други
лица може да бидат сериозно повредени
или да загинат.
► Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
► Ако косилка за трева се даде на друго
лице: Дајте ги упатствата за употреба на
косилката за трева и на моторот.
►
Осигурете се дека корисникот ги
исполнува следниве услови:
–
Корисникот е одморен.
–
Корисникот е физички, сетилно и
ментално способен да работи со
косилката за трева. Доколку
корисникот има физички, сетилни или
ментални ограничувања, тој смее да
работи само под надзор или според
упатствата од страна на одговорно
лице.
–
Корисникот може да ги препознае или
процени опасностите на косилката за
трева.
–
Корисникот е свесен дека е
одговорен за евентуални несреќи и
штети.
–
Осигурете се дека корисникот е
полнолетен или дека е обучен за
професијата согласно националните
регулативи.
–
Корисникот добил насоки од
овластениот дилер на STIHL или
надлежно лице пред да работи со
косилката за трева првпат.
македонски 4 Безбедносни упатства
492 0478-111-9800-B