► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Отворете и држете ја страничната клапна
за исфрлање (1).
► Откачете ја куката (2).
► Подигнете го продолжетокот (3) нагоре и
отстранете го.
► Затворете ја страничната клапна за
исфрлање (1).
► Приклучете го приклучокот за свеќичката.
6.4 Ставање моторно масло
Моторното масло го подмачкува и го лади
моторот.
Спецификациите за моторното масло
количината на масло ќе ги најдете во
упатството за употреба на моторот.
УПАТСТВО
■ Кога косилката за трева се доставува, во
неа нема моторно масло. Палење на
моторот со премалку или без моторно
масло може да ја оштети косилката за
трева.
►
Проверувајте го нивото на моторно
масло пред секое палење и, ако е
потребно, наполнете моторно масло.
► Полнете моторно масло како што е
наведено во упатството за употреба на
моторот.
7 Ставање гориво во
косилката за трева
7.1 Ставање гориво во косилката
за трева
УПАТСТВО
■ Ставањето на погрешно гориво во
косилката за трева може да ја оштети
косилката за трева.
►
Следете го упатството за употреба на
моторот.
► Изгасете го моторот.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Со влажна крпа исчистете ја областа околу
капачето на резервоарот за гориво.
► Вртете го капачето на резервоарот за
гориво (1) спротивно од стрелките на
часовникот додека не се ослободи целосно.
► Извадете го капачето на резервоарот за
гориво.
► Наполнете гориво со соодветно помагало
за полнење така што најмалку 15 mm
простор ќе остане до работ на резервоарот
за гориво.
► Ставете го капачето на резервоарот за
гориво.
► Вртете го капачето на резервоарот за
гориво во насока на стрелките на
часовникот и цврсто затегнете го со раката.
Резервоарот за гориво е затворен.
8 Прилагодување на
косилката за трева
8.1 Расклопување на рачката за
држење
► Изгасете го моторот.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
македонски 7 Ставање гориво во косилката за трева
500 0478-111-9800-B