Одржување (само за овластени техничари)
Tronic 1000 T | Tronic 2000 T – 6721831855 (2021/06)
236
Сл. 15 Безбедносен термостат (модели без регулатор на
температура)
Сл. 16 Безбедносен термостат (модели со регулатор на
температура)
8.6 Внатрешност на резервоарот
Чувањето вода на високи температури и карактеристиките
на самата вода може да предизвикаат појава на бигор на
површината на електричниот грејач и/или собирање на
отпадоци во внатрешноста на резервоарот, што главно
влијае на:
• квалитетот на водата
• потрошувачката на електрична енергија
• функционалноста на апаратот
• работниот век на апаратот
Меѓу другото, горенаведените последици доведуваат до
помал термички пренос помеѓу грејачот и водата,
предизвикувајќи почесто започнување/запирање на
термостатот, поголема потрошувачка на електрична
енергија и потенцијално активирање на безбедносниот
прекинувач доколку се надминат граничните температури
(ќе биде потребно рачно ресетирање на термостатот).
За оптимално функционирање, се даваат следниве
препораки:
Исчистете ја внатрешноста на резервоарот.
Исчистете го електричниот грејач (отстранете го
бигорот или сменете го грејачот).
Проверете ја магнезиумската анода.
Заменете го заптивниот прстен на фланшата.
Горенаведените интервенции не се опфатени со
гаранцијата на апаратот.
8.7 Рестартирање по одржување
Затегнете ги сите приклучоци за вода и проверете ја
затегнатоста.
Вклучете го апаратот.
237 / 242 236 / 240 237 / 242