517
Македонски
Македонски
Код за
грешка
Проблем Можно решение
01 Инката за кафе е
затната.
Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Извадете ја
групата за варење. Потоа отворете го капакот на преградата
за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата.
Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе
не испадне. Посетете ја www.philips.com/coffee-care за
детални видео упатства.
03 Групата за варење е
валкана или не е добро
подмачкана.
Исклучете ја машината. Исплакнете ја групата за варење со
свежа вода, оставете ја да се исуши на воздух, а потоа
подмачкајте ја. Погледнете во поглавјето „Чистење на групата
за варење“ или посетете ја www.philips.com/coffee-care за
детални видео упатства. Потоа повторно вклучете ја
машината.
04 Групата за варење не е
позиционирана
правилно.
Исклучете ја машината. Отстранете ја групата за варење и
повторно вметнете ја. Проверете дали групата за варење е во
точната положба пред да ја вметнете. Погледнете во
поглавјето „Ракување на групата за варење“ или посетете ја
www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства.
Потоа повторно вклучете ја машината.
05 Има воздух во колото
за вода.
Рестартирајте ја машината со исклучување и повторно
вклучување. Ако ова успее, истурете 2 до 3 чаши врела вода.
Исчистете го бигорот од машината ако не сте го направиле
тоа подолго време.
Филтерот AquaClean не
е подготвен соодветно
пред монтирањето или
е затнат.
Извадете го филтерот AquaClean и повторно обидете се да
сварите кафе. Ако ова успее, проверете дали филтерот
AquaClean е подготвен соодветно пред да го ставите повторно
назад. Ставете го филтерот AquaClean во резервоарот за вода.
Ако и ова не успее, филтерот може да е затнат и треба да се
замени.
11 Машината треба да се
приспособи на собна
температура
Оставете ја машината некое време да се приспособи на собна
температура од транспортната/надворешната температура.
Исклучете ја машината 30 минути, а потоа повторно вклучете
ја. Ако ова не успее, контактирајте со Центарот за грижа на
корисниците во вашата држава. За деталите за контакт,
погледнете го гарантниот лист.
14 Машината е прегреана. Исклучете ја машината и повторно вклучете ја по 30 минути.
19 Машината не е
правилно приклучена
во ѕидниот приклучок.
Осигурете се дека малиот приклучок од кабелот за
напојување е правилно поврзан во електричниот приклучок
на задната страна од машината.
Табела за решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за
поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на
www.philips.com/coffee-care. Ако не можете да го решите проблемот, контактирајте со Центарот за
грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.