522
Македонски
Проблем Причина Решение
Не можам да го
активирам филтерот за
вода AquaClean и
машината бара чистење
бигор.
Филтерот не е монтиран или
заменет на време откако на
екранот се прикажал
потсетникот AquaClean. Ова
значи дека вашата машина веќе
не е целосно без бигор.
Прво исчистете го бигорот на
машината, а потоа монтирајте го
филтерот за вода AquaClean.
Новиот филтер за вода
не одговара.
Се обидувате да монтирате друг
филтер што не е филтер за вода
AquaClean на Philips.
Само филтерот за вода AquaClean на
Philips одговара во машината.
Гумениот прстен на филтерот за
вода AquaClean не е на место.
Повторно ставете го гумениот прстен на
филтерот за вода AquaClean.
Машината произведува
гласен звук.
Нормално е машината да
произведува звуци при
користењето.
Ако машината започне да произведува
друг тип на звук, исчистете ја групата за
варење и подмачкајте ја (видете
'Подмачкување на групата за варење').
Филтерот за вода AquaClean не
е подготвен соодветно и сега е
вовлечен воздух во машината.
Извадете го филтерот за вода
AquaClean од резервоарот за вода и
соодветно подгответе го за користење
пред да го вратите назад. Погледнете го
поглавјето „Филтер за вода AquaClean“
за упатства чекор по чекор.
Резервоарот за вода не е
вметнат целосно и вовлечен е
воздух во машината.
Осигурете се дека резервоарот за вода
е во точната положба: извадете го и
повторно ставете го туркајќи го што е
можно подлабоко.
Технички спецификации
Производителот го задржува правото да ги подобри техничките спецификации на производот. Сите
одредени количества се приближни.
Опис Вредност
Големина (ш x в x д) 246 x 377 x 434 mm
Тежина 7.5 - 8 kg
Должина на кабелот за напојување 1.200 mm
Резервоар за вода 1,8 литри
Капацитет на резервоарот за зрна кафе 275 g
Капацитет на садот за мелено кафе 12 полнења
Капацитет на LatteGo (садот за млеко) 250 ml
Приспособлива висина на одводот 88 - 145 mm
Номинален напон – Номинална моќност – Довод
на струја
Видете ја етикетата со податоци од внатрешната
страна на сервисната врата (Сл. A11)